Фото: Пиксабеј

Без разлика дали патувате за работа или за задоволство, треба да преземете некои чекори за да ги зачувате вашите уреди и податоци безбедни. Во продолжение нудиме преглед на совети како да се подготвите за побезбедно патување.
1. Внесете ред меѓу вашите документи: веројатно ги имате сите апликации што ви се потребни: авиокомпании, царина, мапи, билети за воз, преводи и многу повеќе. Згора на тоа, креирајте папка за итни случаи – на пример, ако го изгубите паричникот или го скршите паметниот телефон – и складирајте ја некаде каде што можете да пристапите од кој било уред, како таблет или лаптоп. Треба да ги скенирате барем вашата возачка дозвола, пасош и картичка за здравствено осигурување.
2. Ако користите ајфон, апликацијата Белешки ќе ви помогне бидејќи ги складира белешките во облак. Отворете ја апликацијата Белешки, допрете ја иконата што изгледа како квадрат со молив во долниот десен агол на екранот за да создадете нова белешка, допрете ја иконата на камерата на дното на вашата нова белешка и изберете Скенирај документи.
3. На уред со АндроиГугл драјв, отворете ја апликацијата, допрете го копчето плус (+) во долниот десен агол, допрете Скенирај и дозволете пристап до камерата, ако веќе не сте го направиле тоа. Следете ги упатствата на екранот за да фотографирате и да зачувате фотографии. Зачувајте копија од сè што сте скенирале како ПДФ. Чувајте ги тие копии во вашата апликација за е-книги или испратете ги на вашиот Киндл за да можете да пристапите до тие документи офлајн. Можете исто така да ги запишете летовите, информациите за тоа каде сте престојувале и резервацијата во посебен документ на Гугл.
3. Поставете го вашето сандаче: ако можете, исклучете ги сите известувања за е-пошта или исклучете ги вашите сметки за е-пошта на телефонот. Ставете автоматски одговор на вашата е-пошта кога сте надвор од канцеларијата. На пример: „Не сум во канцеларија. Ќе одговорам на вашата порака кога ќе се вратам (датум). Ако ви треба нешто итно, ве молиме контактирајте со (оваа личност) на (телефонски број) и (адреса на е-пошта)“.
4. Погрижете се да имате безбеден начин на полнење на телефонот. Еден момент на невнимание е доволен за измамник брзо да го замени вашиот кабел и да злоупотреби јавна станица за полнење за тивко да упадне во вашиот уред. Ако успее во тоа, може да инјектира малициозен софтвер, да украде лозинки или да го заклучи за да бара откуп. Најдобрата заштита е да не користите ништо друго, освен сопствен кабел и адаптер за полнење. Хакерите можат, на пример, преку УСБ-портите во хотелските соби да украдат податоци. Ако навистина морате, помалку е ризично да го користите УСБ-слотот на задниот дел од телевизорот. Станиците за безжично полнење се добри за користење, но најдобро е да ги носите полначот и надворешната батерија со вас. Исто така, за полнење користете кабел што не може да пренесува податоци. Само не заборавајте да го спакувате пред да тргнете на патување.