Кога станува збор за избор на додаток на колаген, сигурно постои форма што најдобро функционира за вас. Додека некои додатоци може да содржат само еден или два вида колаген, други колагенски производи може да понудат мешавина од неколку различни типа. Кога барате орален додаток на колаген, идеално е да изберете производ од хидролизиран колаген пептид, како што е правот, кој има најапсорптивен тип.

Колагенскиот прав во повеќето случаи полесно се апсорбира
Побарајте термини како „колаген пептиди“ или „хидролизиран колаген“ на етикетата со состојките на додатокот за да бидете сигурни дека ја добивате вистинската работа. Ако се прашувате дали е добро да се зема колаген секој ден, одговорот – за повеќето луѓе – е да.

Најдобрите начини за консумирање колаген
Користењето протеински прав направен од супа од коски е еден од препорачаните начини за дополнување на колагенот. Домашната супа од коски е исто така ефикасен метод. Чорбата од коски можете да ја консумирате самостојно или да ја користите како додаток на некои видови јадења.

Додатоците во исхраната обично содржат хидролизиран колаген, кој помага во формирањето нов колаген. Најмногу може да се најдат во форма на протеински прав или апчиња. Совет е да се консумира добро балансирана исхрана што помага да се зголеми апсорпцијата на колагенските пептиди што ги консумирате.

Како да се спречи губењето колаген
Нашите предци консумирале многу колаген преку храната и тоа било дел од вообичаениот начин на живот, бидејќи луѓето во минатото често го користеле целото тело на животно во својата исхрана. Едноставно кажано, јаделе многу животински делови што ги избегнуваме денес, како кожа, тетиви и лигаменти.

Денес станува полесно од кога било да се „вратите на основите“. Еден од најлесните начини да се зголеми количеството колаген е да се направи домашна супа од коски. Тоа е здрав, вкусен и исплатлив начин да се користат делови од животното што не можат директно да се јадат. Можете да ги користите нејадливите делови за да направите чорба. Варете ги неколку часа и ослободете го колагенот, кој ќе стане дел од супата или чорбата, што е полесно да се консумира.

Додатоците со колаген во форма на прав, на пример – може да се мешаат во кашести сокови, супи или дури и печива за да обезбедат здравствени придобивки без да го влошат вкусот на вашите омилени јадења.

Кога станува збор за внесувањето колаген во кожата, можете да пробате микронидлинг или терапија за индукција на колаген. Тоа е минимално инвазивен третман на кожата во кој дерматолог или естетичар создава ситни пункции во горниот слој на кожата користејќи микрофини игли.

Несакани ефекти
За среќа, сите негативни несакани ефекти од употребата на колаген се ретки. Повеќето луѓе што доживуваат негативни несакани ефекти на колаген или ги надминале препорачаните дози или имаат веќе постојни алергии.

Проверете ги изворите на колаген на шишето со додатокот. Ако сте алергични на риба и во производот има колаген од риба, тогаш избегнувајте го тој додаток.

Ако на декларацијата е наведен само типот на колагенот, тогаш важно е да се знае дека колагенот тип 2 е обично пилешки, додека типовите 1 и 3 можат да бидат говедски, рибји или од јајце. Ако сте алергични на некој од овие протеини, држете се настрана од нив.

Иако всушност не е несакан ефект на колагенскиот прав, но една од поплаките е за лошиот вкус на правот или апчињата. Сепак, тој непријатен вкус ќе исчезне за неколку минути, но обично може целосно да се избегне со додавање на правот во кашест сок, на пример.