Многумина од нас имаат одговорено на прашањето дали повеќе сакаат морски плажи или снег, а едно место во Јапонија е познато по тоа што ги нуди и двете.
Морето и звукот на брановите што се „кршат“ на брегот дејствуваат благотворно, како и погледот кон морето, плажата и небото. Но што можеме да кажеме за сцената што ја претставува комбинацијата на море, песок и снег? Токму тоа го има плажата Хокаидо во Јапонија. Фотографијата е направена во глобалниот геопарк на УНЕСКО, Санин Кајган, локација што се протега од западниот брег на Хакуто Кајган, во Тотори, до источниот ’рт Кјогамисаки, во Кјото.
Во овој геопарк има голем број геолошки локалитети поврзани со развојот на Јапонско Море, има геолошки карактеристики како што се долини, песочни дини, вулкани и плажи.
Оваа чудесна комбинација од море, песок и снег стана вирална на интернет, а луѓето сè уште зборуваат за тоа. Многумина ја коментираа фотографијата и тврдеа дека таа ги инспирирала да патуваат и да го истражуваат светот.