Американската војска пријавила до Пентагон дека забележала неколку стотици случаи на набљудувани неидентификувани летачки објекти. Информациите беа пренесени од новата канцеларија наречена Канцеларија за решавање аномалии во сите домени, која беше основана пред околу половина година и која претпочита да го нарекува НЛО неидентификуван аномален феномен. Сега УАП работи со три гранки на американската војска за да ги собере извештаите.
НЛО со години го привлекува вниманието кај јавноста, а го привлекува и денес. Претходно, ваквите сцени не беа документирани, но благодарение на камерите во секојдневниот живот, сега е полесно да се забележат. Американската војска е присутна насекаде низ светот и на тој начин е сведок на вакви сцени, додека напредните сензори на нејзината опрема снимаат такви објекти.
Со цел транспарентност во работата и собирањето информации за вакви настани, американската влада ја формираше гореспоменатата ААРО во рамките на Министерството за одбрана на почетокот на 2022 година.
Новата канцеларија го прошири опсегот на својата истрага за да вклучи набљудување неидентификувани објекти во вселената, на море, под море и на копно и ги класифицира сите под терминот УАП. Според канцеларијата, повеќето случаи на УАП се поврзуваат со технологија за надзор што ја користат Русија и Кина, која претставува закана за американските воени инсталации и операции, па затоа има задача да ги истражи.
Од 2004 до 2021 година биле пријавени 144 НЛО, а 80 од нив биле откриени со воени сензори. Меѓутоа, тој број е значително зголемен од основањето на новата канцеларија, но ниту еден случај не е поврзан со докази за вонземски живот. Минатата година се евидентирани неколку стотици случаи.