Кралицата Елизабета Втора не мирува ниту на 96 години, а сега лансира свој бренд со биопроизводи. Имено, кралицата лансира бренд со производи направени на нејзиниот имот во Норфолк. Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите во брендот е и кралскиот кечап, пишува списанието „Пипл“.
„Идеален за појадок или кој било друг дел од денот“, е слоганот на кечапот.
Секако, главната состојка е доматот, но овој кечап содржи и урми, сок од јаболко и разни зачини. Позната е и цената на овој популарен додаток. За шише од 300 милилитри, треба да потрошите околу девет долари.
За потсетување, нејзиниот поранешен готвач Дарен Мекгрејди откри дека кралицата обожава хамбургери, но ги јаде без печива, со виљушка и нож, а наместо кечап користи брусница.