Претседателите на Кина, Русија и САД, Си Џинпинг, Владимир Путин и Доналд Трамп, се сретнаа во кинескиот град Шенжен, пред свечениот прием за учесниците на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Тројцата лидери се ракуваа и накратко разговараа, објави рускиот весник „Ведомости“.
Домаќин на приемот беше кинескиот претседател Си Џинпинг. Путин седеше лево од кинескиот претседател и неговата сопруга Пенг Лијуан, а Трамп десно од нив.
Приемот се одржа во Меѓународниот комуникациски центар во Шенжен, во округот Футијан.
































