Кометата што последен пат поминала покрај земјата во времето кога неандерталците оделе по неа, како праисториски луѓе, ќе го направи тоа повторно на 1 февруари оваа година! Станува збор за кометата „Ц/2022 Е3 /ЗТФ/“, која била во „соседството“ пред 50.000 години.
На почетокот на февруари покрај Земјата ќе помине на растојание од 41,8 милион километри. Моментално е оддалечена од Земјата околу 178 милиони километри. Иако е доста стара за човечкото мерење на времето, кометата беше официјално откриена дури во март минатата година.
Научниците наведуваат дека кометата има зелена боја и жолта опашка составена од прав, пренесува „Дејли меил“.
Астрономите истакнуваат дека кога кометата ќе помине покрај Земјата ќе биде видлива со голо око, под услов временските услови на 1 февруари да го дозволат тоа.
Последната комета што беше видлива со голо око беше „Новис“, која во јули лани воодушеви многу љубители на астрономијата.