Дали кремот за кафе е штетен за вашето здравје?

Не уживаат сите во вкусот на црното кафе, па често додаваат засладувачи и кремови за да се намали киселоста и да се направи овој кофеински пијалак повкусен. Се проценува дека 62 отсто од возрасните пијат најмалку една шолја кафе секој ден. Истражувањата сугерираат дека црното кафе има некои големи здравствени придобивки, вклучувајќи зголемен фокус, повеќе енергија за вашите тренинзи и 5-12 проценти намален ризик од срцеви заболувања по чаша во споредба со луѓето што го прескокнуваат овој популарен утрински пијалак.
Значи, дали додавањето крем во кафето ги негира овие позитивни ефекти? Или уште полошо – дали тоа е навистина лошо за вас? Што велат диететичарите за додавањето млеко во кафето и за неговите ефекти врз вашето здравје?
Повеќето конвенционални креми за кафе се направени од долга листа на состојки вклучувајќи вода, шеќер, растително масло, стабилизатори и ароми.
– Многу кремови за кафе имаат околу четири грама шеќер и еден и пол грам заситени масти по порција – вели Хејли Бишоф, сопственичка на „Ратци нутришн“ во Лас Вегас.
Насоките за исхрана за Американците препорачуваат сите постари од две години да го ограничат додадениот шеќер на помалку од 10 проценти од вкупните калории. За диета со 2.000 калории треба да се стремите кон помалку од 50 грама шеќер на ден. Кога станува збор за заситените масти, Американското здружение за срце сака да ги одржувате под 13 грама дневно.
Ако повеќето денови приготвувате кафе дома, додавањето млеко нема да придонесе или да ја наруши здравата исхрана. Плус, всушност, може да има значителна корист од додавањето крем во вашето кафе.
– Кремот за кафе што содржи здрави масти може да помогне да се забави апсорпцијата на кофеинот. Ова ја олеснува работата на надбубрежните жлезди и резултира со побалансирана енергија – објаснува Ања Росен, лекарка за функционална медицина и основачка на клиниката „Бирчвел“.
Изберете крем за кафе со висококвалитетни состојки како органски млечни производи или млеко и креми од растително потекло. Нутриционистката Џенифер Фиске предлага дури и да го мешате вашиот омилен крем со млечни производи или млеко од растително потекло и дополнителни зачини како цимет за повеќе кремаст вкус и пијалак со помалку маснотии и додаден шеќер.