Истражувањата покажаа дека клетки од фетусот остануваат во телото на мајката неколку години по породувањето. Тоа покажува дека поврзаноста помеѓу мајката и детето освен на емоционално е многу голема и на физичко ниво. Во текот на бременоста, мајката и фетусот се физички поврзани преку плацентата, а со бебето е поврзана преку папочната врвца. Токму преку плацентата, клетките од фетусот можат да мигрираат во телото на мајката. Oвие клетки можат да се сместат во разни органи: белите дробови, црниот дроб, срцето или во мозокот.
Најинтересно е што клетки од фетусот остануваат во телото на мајката и неколку години по породувањето. Во истражувањето од 2012 година, научниците ги испитувале овие клетки и откриле дека тие не се наоѓаат само во крвта туку и во мозокот и во други органи. Засега не е познато дали клетките од фетусот имаат некаква улога во телото на мајката, но експертите имаат неколку претпоставки. На пример, овие клетки од фетусот се слични со матичните клетки, па можеби му помагаат на организмот во борењето против болести и повреди. Можно е овие клетки да имаат влијание и врз имунитетот на мајката.