Фото: Пиксабеј

Ретроманија

Постојат основни работи што треба да ги знаете за да започнете со емулација, вклучувајќи ги и начинот на кој функционира, правниот статус, недостатоците од играње без вистински хардвер и придобивките што ги нуди. Старите видеоигри се поделени на неколку различни играчки конзоли и не можете секогаш да сметате на повторни изданија за да бидат достапни на модерните системи.

За среќа, постојат опции

Можете да најдете стар систем и да го поврзете со вашиот современ уред, на пример користејќи адаптер. Но можете да ја користите и моќта на поновите уреди за да емулирате постари игри во виртуелни средини, често со подобрувања.
Постојат основи на работите што треба да ги знаете за да започнете со емулацијата, вклучувајќи ги и начинот на кој работи, правниот статус, недостатоците од играње без вистински хардвер и придобивките што ги нуди. Емулацијата ја користи моќта на модерните машини за да создаде виртуелни средини што се доволно блиску до вистинскиот хардвер за да го направи постариот софтвер да се однесува како да е на вистински хардвер. Постојат емулатори за сè, од нинтендо ентертејмент систем до нинтендо свич. Производителите можеби не се задоволни од тоа, но нема не можат да направат нешто во врска со тоа.
Судовите застанаа на страната на програмерите што пишуваат емулатори, велејќи дека тие можат да креираат свој компјутерски код што го имитира официјалниот хардвер колку што сакаат, сè додека не дистрибуираат софтвер заштитен со авторски права. Тоа значи дека ќе треба да ги обезбедите вашите сопствени игри за вашите емулатори, а во некои случаи и вашиот БИОС (или датотеки на оперативниот систем). Повеќето водичи за емулатори нема да ви кажат како да го направите тоа, но постои барем еден метод што е легален. Имено, можно е да креирате свои резервни копии од игрите што ги поседувате, сè додека не ги дистрибуирате.

Некои игри може да имаат грешки

Дополнително, постојат легални уреди што ќе ви помогнат да ги пренесете датотеките од игрите од вашите сопствени кертриџи и дискови. Некои емулатори се толку напредни што ќе ги репродуцираат вашите дискови ако ги ставите во диск-драјвот на вашиот компјутер. Сепак, емулацијата има свои недостатоци. Најголемиот проблем е што некои игри може да имаат графички или аудиогрешки.
Доцнењето на влезот е исто така честа поплака, бидејќи емулаторите честопати одземаат дополнително време за да ги регистрираат вашите притискања на копчињата, бидејќи мора и да ги прочитаат и да ги пренесат низ вашиот софтвер. Конечно, некои игри може воопшто да не работат на емулатори, особено оние со необични барања (како оригиналниот Иксбокс, на пример).
Од друга страна, емулираните игри честопати можат да работат подобро отколку на вистински хардвер, постигнувајќи повисоки стапки на слики во секунда. Обично можете да ги рендерирате вашите игри со повисоки резолуции од првично предвидените, во суштина играјќи ги во ХД. Исто така можете да користите брзо зачувување на играта и повторно вчитување по потреба, иако не сите системи го поддржуваат тоа.