Компанијата „Х“, порано позната како „Твитер“, продава некои „сувенири“ од своето минато.
Уметност, мебел и други предмети што ги красеа канцелариите на „Твитер“ во Санта Моника и во Сан Франциско се на продажба. Аукцијата наречена „Ребрендирање на Твитер“ се отвора на 12 септември, а најуникатните предмети би можеле да достигнат цена од десетици илјади долари.
Претходно годинава маскотата на сината птица беше продадена за повеќе од 20.000 долари.
На аукцијата ќе бидат вклучени гитари, телефонски говорници, бироа, масички за кафе, софи и многу други нешта.