Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска ќе биде домаќин на 10-то издание на фестивалот „Земјотрес“. На јубилејното издание на фестивалот на свежа, домашна и независна музика ќе настапат повеќе од 20 музички уметници на три одделни подиуми.
За десетката на „Земјотрес“ се најавени: „350терик“, „Андреја Салпе Б2Б B2B Галатеја“, Авелина, „Бејсмент култ“, „Корозија“, „Круел“, „Кат јур нипл“, „Деменси“, „Кантон 6“, „Луфтханса“, „Мамут“, Марија Каева, Марко Рикалоски, Михајло Дојчиноски, Мирко Попов квартет, Рум 313, С.А.М., „Секси Марса енд френдс“, „Ширшаја“, „Такси конзилиум“, „Хајка“…
Целовечерното дружење и на 10-тото издание ќе донесе нови, но и веќе препознатливи чинители на нашата алтернативна музичка сцена.
Од МКЦ информираат дека влезниците се во строго ограничен број, до исполнување на 50 отсто од постојните капацитети.