Францускиот парламент усвои закон со кој малолетниците помлади од 15 години се обврзуваат да добијат согласност од родителите за користење на платформите за социјално вмрежување, јавува Анадолија. Предлог-законот беше едногласно усвоен во Сенатот.

Според законот, платформите за социјално вмрежување ќе треба да користат систем за проверка на возраста на корисниците и дали малолетниците имаат родителска дозвола. Неусогласените платформи може да бидат казнети до еден процент од нивниот глобален приход. Родителите ќе можат да бараат од платформите да ги суспендираат сметките на социјалните мрежи на нивните деца.

Законот ќе стапи во сила по објавувањето во „Службен весник“ во Франција.