Фото: Пиксабеј

Поротата во Ново Мексико го обвини американскиот актер Алек Болдвин за убиство од небрежност за време на снимањето филм во октомври 2021 година. Болдвин претходно беше обвинет за смртта на снимателката, но обвиненијата беа отфрлени минатиот април, само две недели пред почетокот на судењето, пишува Би-би-си.
Локалните обвинители наведуваат дека нашле дополнителни факти поради кои бараат ново судење. Потсетуваме, актерот на филмскиот сет со реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс. Во инцидентот бил повреден и режисерот Џоел Соуза. На снимањето на нискобуџетен вестерн, Болдвин вежбал сцена со револвер и испукал вистински куршум во камерманката Хачинс, која набргу потоа починала.
Болдвин ја отфрли одговорноста за убиството, велејќи дека го навивал револверот, но никогаш не го повлекол чкрапалото и дека Гутиерез-Рид и другите експерти за огнено оружје требало да се погрижат да нема куршуми во него.
Обвинителите во Ново Мексико последователно спроведоа дополнително форензичко тестирање на пиштолот со кој е пукано во Хачинс и рекоа дека анализата на оружјето покажала дека пиштолот не можел да пука без да се повлече чкрапалото.