фото: МНТ

Монобајката „Презимето на розата“, во изведба и режија на Оливера Балашевиќ, ќе гостува на 15 март на големата сцена на Македонскиот народен театар со почеток во 20 часот.
„Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште“. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството.

„Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.
Асистент на режисерот е Јелена Балашевиќ, а дизајнер на светло е Бранислав Агарски.
По претставата следи промоција на романот „Планета двориште“ и потпишување на книгите.