Маслото од диво оригано е моќен антибиотик

Маслото од диво оригано е прочистувач на организмот: ги уништува микроорганизмите што предизвикуваат грип, настинки, исип на кожата и дигестивни проблеми. Исто така, маслото од диво оригано содржи карвакрол (главна антибактериска состојка), кој има силно негативно влијание врз микроорганизмите што имаат тенденција да предизвикуваат разни инфекции во човечкото тело.
За неговата моќност во уништувањето на бактериите сведочи фактот дека е 26 пати посилно од фенолот, средство со кое се стерилизираат хируршките инструменти.
Се користи за масажа, во вид на мешавина од сончогледово, маслиново или кокосово масло, за инфекции на кожатa, за инхалација, се пие посебно или помешано со маслиново масло, јогурт или со доматен сос.
Mаксимална препорачана доза за возрасни е 12 капки, а за деца над три години по една-две капки. Ако се користат по три капки дневно, едно шишенце масло од диво оригано може да трае три месеци.Генерално, препораката е да се користи маслото континуирано 15 дена, со 15 дена пауза. За разлика од фармацевтските антибиотици, ориганото не ја оштетува клеточната мембрана на бактериите, со што е оневозможено нивното мутирање. Покрај ова, маслото од диво оригано ги уништува и веќе мутираните бактерии.