Игор Станоевски-Игимен сними спот за новата песна „,Punish Him“

„Punish Him“ е насловена новата авторска песна на талентираниот мултимедијален уметник Игор Станоевски-Игимен. Тој се потпишува на музиката, текстот и на аранжманот, а песната е снимена во студиото „Алшар“ во Скопје под аудиоинженерската палка на Ивица Јанкуловски.
Наедно таа е водечка нумера на истоимениот албум на Игимен, на кој се наоѓа и синглот „Ain’t Nobody Business“, што неодамна ѝ беше претставен на публиката..
Видеото е снимено во истоименото студио од страна на Филип Филиповски, како директор на фотографија и камера и Боро Арсовски – камера и техничка помош, додека режијата, која е во доменот на видеоконцепт, монтажата и видеопостпродукцијата припаѓаат на Оливер Станоевски.

Гости музичари на песната покрај стандардната ритам-постава, Пере Ангелов на бас-гитара и Гоце Стевковски на тапани, се и Гордан Спасовски на пијано и Јордан Костов на хармоника. Придружните вокали ги пее Рената Симоновска.
Песната претставува жанровски микс од блуз, рок и кантри музика, додека, пак, текстот е на англиски јазик и има сатиричен контекст.
Првичната објава на песната се случи на 24 август на фејсбук-профилот на издавачката куќа мултимедијална креативна работилница „Игимен“, а наскоро и на јутјуб-каналот на Игимен.