Опасни играчки за мачките

Мачките имаат природна разиграност, која е едноставно неодолива. Ако не им дадете играчки, ќе бидат досадни и нервозни или сами ќе најдат начин да се забавуваат, а потоа да ви направат и голем хаос. Меѓутоа, кога им давате играчки, внимавајте на опасностите што може да ги предизвикаат.
Некои играчки што се привлечни за мачките може да бидат многу штетни за нивното здравје. На пример, конец, топка и лента. Иако ова се класични играчки за мачки, може да предизвикаат одредени проблеми. Мачката може да се заплетка во топчето конец и на тој начин да се задуши. Исто така и пластичните кеси исто може да предизвикаат задушување.
Иако играчките може да бидат опасни, сепак играњето е важен фактор во животот на мачката. Мачките се месојади и кога живеат во дивина мора да бидат предатори. Значи, тоа е едноставно врежано во нивниот генетски код. За мачка со вишок предаторски инстинкт, играњето може да биде трошење енергија. И покрај тоа, го поттикнува вежбањето, што е многу важно за дебелите мачки. Сѐ што им треба на овие миленици се простор за игра и безбедни играчки.