Доколку недостасуваат два вида бакетерии во системот за варење, шансите за депресија се поголеми, тврдат научници од Белгија кои спровеле досега најголема студија во која учествувале 1.036 луѓе.

Во истражувањето се собирани податоци за менталната состојба на испитаниците и паралелно биле анализирани нивни биолошки примероци. Научниците анализирале повеќе од 500 видови бактерии, барајќи ги оние кои произведуваат неуроактивни материи кои влијаат на функциите на мозокот. Утврдено е дека два вида бактерии се во значително помала количина во организмите на луѓето кои се болни од депресија, дури и доколку редовно ги земаат препишаните антидепресиви.

– Свесни сме за тоа дека оваа теорија ќе ја заинтригира јавноста, но сметаме дека постои утврдена врска меѓу бактериите во органите за варење и депресијата. Досегашните истражувања на оваа тема се спроведени врз глувци, но и кај помал број луѓе, но ова е прва студија во која учествуваа олку голем број испитаници – изјави Џерон Рес од катедрата за микробиологија на Универзитетот во Лувен.