Женките цицачи живеат подолго од мажјаците
Новите истражувања покажаа дека кај слоновите, лавовите, китовите и фоките, повеќето женки цицачи ги надживуваат мажјаците, што е ситуација и кај луѓето.
Истражувачите следеле 101 вид диви цицачи, кои живеат на 134 различни локации, и откриле дека во 60 отсто од случаите, женките живеат подолго. Тоа што било особено интересно за истражувачите бил фактот дека животниот век на женката е за 18,6 проценти подолг отколку кај мажјаците.
– За споредба, кај луѓето животниот век на жените е за 7,8 проценти подолг од оној на мажите – велат истражувачите.
Авторот на истражувањето Жан-Франсоа Лемаит, додаде дека студијата претставува најобемно истражување на оваа тема досега спроведено. Притоа истакнува дека при истражувањето се открило оти животниот век на мажјаците и женките е под влијание на животната средина и репродуктивните правила на животинските видови.
– Значителното прераспределување на ресурсите кај мажјаците во растот и одржувањето на секундарните сексуални својства може да ги направи поранливи од женките, кога станува збор за тешки услови за живот – се вели во истражувањето.