Кралсвото Бутан е малечка земја на Хималаите, меѓу кинеската автономна област Тибет и големата Индија. Нивниот крал Џигме Хесар Намџејл Бангчук, познат и како Кралот Змеј, неодамна наполни 40 години. Бидејќи има сѐ што може да посака, како подарок премиерот на Бутан во свое име побара од секој жител да направи нешто за својата татковина и на тој начин да го дарува кралот.

Во таа чест, премиерот замоли секое семејство да вдоми куче, да засади дрво или да ја исчисти својата околина од смет. Лани беше најавен државен план за згрижување на кучињата скитници, за да се намали нивниот број на улиците. Поради тоа неговата желба, во име на кралот, е само продолжување на оваа иницијатива, пишува „Цесарс веј“.
По сѐ изгледа жителите на Бутан сериозно го сфатиле апелот на својот лидер, па се огласи и нивната позната новинарка Намгеј Зам на Твитер, со поддршка на оваа идеја. Таа напиша дека веќе вдомила три кучиња скитници.

Со тоа Владата докажува дека не само што му е посветена на својот народ туку и на животните. Таа најави и низа други програми што ќе ја унапредат економијата на државата, но и образованието, здравството и технолошките достигнувања.
Инаку, жителите на Бутан важат за најсреќни во цела Азија, а осми во светот.