Здрава храна

Ситни линии и уморна кожа и очи најчесто се јавуваат кога телото е под стрес, дехидрирано или му недостигаат клучни микронутриенти. Сепак, многу од храната што веќе ја имаме дома содржи моќни соединенија – антиоксиданти, витамини и природни антиинфламаторни елементи, кои помагаат во заштитата на клетките на кожата и го поддржуваат производството на колаген. Издвојуваме едноставни освежителни пијалаци што можат да придонесат за посјајна кожа однатре, а кои лесно можете да ги приготвите дома,.
1. Освежителен пијалак од калинка и нане. Зошто е добар?
Калинката е богата со полифеноли и витамин Ц, моќни антиоксиданти што ја штитат кожата од оштетување. Нането лади, го смирува дигестивниот систем и придонесува за подобра апсорпција на хранливите материи.
Состојки: 1 чаша свежи зрнца од калинка, 6–8 листа свежа нане, едно лажиче сок од лимон, 1 чаша ладна вода, мед по желба.
Приготвување: Изгмечете ги зрнцата од калинката и процедете го сокот. Додајте ги изгмечените листови од нане, водата и сокот од лимон. Промешајте и оставете да отстои околу 5 минути.
2. Тоник од куркума и ѓумбир. Зошто е добар?
Куркуминот од куркумата и ѓумбирот се познати по своите антиинфламаторни својства, кои можат да помогнат во забавувањето на предвременото стареење. Црниот пипер ја подобрува апсорпцијата на куркуминот.
Состојки: половина лажиче куркума (свежа или во прав), половина лажиче свежо рендан ѓумбир, топла вода, прстофат црн пипер и половина лажиче мед.
Приготвување: Измешајте ги куркумата, ѓумбирот и црниот пипер во топла вода и додајте малку мед. Пијте го наутро, на празен стомак.