ОДБОЈКА
Вицешампионот во Првата женска лига и финалист во Купот на Македонија, екипата на Наковски волеј пријави учество во БВА Балканскиот клупски куп за 2026 година, пишува Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). По ланското премиерно учество во европскиот Челинџ-куп, во новата сезона еден од најдобрите македонски клубови ќе ги одмери силите и во балканското друштво, со екипи од регионот. Наковски волеј, покрај апликацијата за учество, поднесе и барање за организација на турнир. БВА-купот традиционално се одржува пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, септември или почетокот на октомври, а победникот од ова натпреварување обезбедува пласман во ЦЕВ Челинџ-купот, пишува ОФМ. Г.И.

































