Медицински совет
Ако сакате да пиете нешто навечер, не мора да посегнувате по засладени пијалаци, кои можат да го нарушат нивото на шеќерот во крвта. Нутриционистите истакнуваат дека постојат едноставни и вкусни алтернативи, кои не само што нема да предизвикаат скок на гликозата туку и можат да придонесат за нејзина стабилност на долг рок, особено ако ги вклучите во вашата вечерна рутина
Група нутриционисти ги издвоија најдобрите пијалаци што можете да ги пиете попладне или пред спиење, кои можат да поддржат постабилни вредности на шеќерот во крвта на долг рок.
Чај од камилица: Чајот од камилица е класика за опуштање пред спиење, а се смета и меѓу пијалаците што се „пријателски“ кон шеќерот во крвта. Некои истражувања сугерираат дека редовното консумирање незасладен чај од камилица може да помогне во намалувањето на утринскиот шеќер на гладно и HbA1c, што е важно за долгорочна контрола на гликемијата, објавува „Итинг вел“.
Зелен чај без кофеин: Зелениот чај е богат со антиоксиданти и полифеноли, како што се флавоноиди, кои помагаат во заштитата на клетките од оксидативен стрес и воспалителни процеси поврзани со полоши исходи кај нарушувањата на гликозата. Ваквите соединенија се поврзани со подобар инсулински одговор и постабилни нивоа на гликоза во крвта.

































