Светот е сцена

Алгар, град со 1.400 жители во јужна Шпанија, побара од УНЕСКО да го вклучи уличниот вечерен разговор на списокот на светско наследство, со што ќе го заштити вековното дружење на отворено. Во Алгар, кој се наоѓа во внатрешноста на земјата и е оддалечен 60 километри од крајбрежниот град Кадиз, летата се екстремно жешки, па луѓето излегуваат само навечер кога жештините се намалуваат, јавуваат локалните медиуми.
Штом првиот самрак се наѕира над местото и доаѓа свеж воздух од околните планини, локалните жители почнуваат да носат столчиња и маси пред своите куќи, а групи од 10 до 15 луѓе се собираат на улиците за да разговараат, да играат карти или само да уживаат во амбиентот.