Денеска во Офицерскиот дом во Битола по вторпат ќе се одржи Саем на креативни индустрии, под покровителство на Министерството за култура, Општина Битола и КИЦ-Битола. На саемот ќе се претстават петнаесетина изложувачи, кои се дел од креативниот сектор од Битола и пошироко. Ќе бидат промовирани многубројни производи и услуги од областа на креативните индустрии, вклучувајќи различни модни брендови, рачно изработен накит, паричници, свеќи, робот, ќе има лего-едукација за деца, ќе се презентираат маркетинг-решенија и друго.
Настанот годинава е со фокус на одржливоста.
Станува збор за вториот дел од Саемот на креативни индустрии во организација на здружението „Балкан синема ситис“. Првиот дел од Саемот за креативни индустрии беше одржан на 28 и 29 ноември во Скопје и обедини повеќе од 40 изложувачи.