Фото: Пиксабеј

Медицински совет

Глутенот е составен дел на многу вкусни оброци, како печива, тестенини и десерти, а тоа е затоа што го има во пченицата, ’ржта и јачменот. Меѓутоа, за некои луѓе може да биде тешко да се вари и затоа мора да го избегнуваат.
Гастроентерологот Рабиа де Латур од Медицинскиот факултет „Гросман“ на Универзитетот во Њујорк истакнува дека покрај луѓето со целијачна болест (автоимуно нарушување во кое консумацијата на глутен предизвикува трајно оштетување на тенкото црево), има и помал број луѓе што развиле нетолеранција на глутен или нецелијачна чувствителност на глутен.
Според студиите објавени во „Гастроентеролоџи“ и „Псајкијатрик квортерли“, оваа група опфаќа помеѓу 0,5 и 13 проценти од населението. Тие ги имаат повеќето симптоми на целијачна болест, но не покажуваат никакви физиолошки промени, како што се оштетување на тенкото црево и неисхранетост.
Гадење и грчеви по оброците: Гадење и грчеви што се јавуваат по јадење оброци што содржат глутен може да укажуваат на тоа дека сте нетолерантни на глутен. Поради оваа причина, често се предлага да водите дневник во кој ќе запишете каква храна сте јаделе и како сте се чувствувале по оброкот.
Надуеност: Надуеноста може да биде предизвикана од многу нешта, од хормони до храна како грав, но ако не го варите правилно глутенот, вашиот стомак дефинитивно може да се чувствува надуен и нежен.
Сува кожа: Многу луѓе со чувствителност на глутен пријавуваат кожни состојби, вклучувајќи екстремно сува кожа, осип, акни и дамки на егзема.
Губење на тежината: Несаканото губење на тежината е еден од примарните симптоми на целијачна болест, бидејќи кога вашите црева се оштетени, не ја апсорбирате храната што ја јадете правилно. Иако нецелијачната чувствителност на глутен не ги оштетува цревата, може да предизвика да јадете помалку поради болката што се појавува.
Не се чувствувате добро: Промените на расположението или чувството на зголемена депресија или анксиозност по јадење храна што содржи глутен е симптом кај луѓето со нецелијачна чувствителност на глутен.
Имате проблем со меморијата: Еден од примарните невролошки симптоми пријавени од лица со чувствителност на глутен е таканаречената мозочна магла, или едноставно чувство како да не можат јасно да размислуваат и имаат проблем да запомнат нешта.