Еден од високите воени функционери на Русија, генерал-полковникот Јуриј Грехов, заменик-главен командант на руските Воздушно-космички сили задолжен за вооружување, е уапсен во Москва.
Според информациите на рускиот весник „Комерсант“, кој се повикува на судски документи, московски воен суд на 25 ноември му одредил притвор на Грехов. Барањето за негово апсење го поднело Главното воено истражно одделение на рускиот Истражен комитет, пренесе „Мирор“.
Според извори на рускиот медиум РБК, генералот е обвинет за примање поткуп во особено големи размери. Грехов, според истите информации, не ја признава вината. Засега нема официјално соопштение од руските власти со детали за случајот.
Грехов е заменик-главен командант на Воздушно-космичките сили од 2021 година, кога му бил доделен и чин генерал-полковник. Овие сили ги опфаќаат руските воздухопловни, вселенски и противвоздушни единици и имаат значајна улога во војната во Украина.
Генералот е под санкции на Европската Унија од јули 2022 година поради неговата воена улога во руската агресија врз Украин

































