Достапна 24/7, Триа нуди информации и насоки за осигурувањето, овозможувајќи им на корисниците побрз и поедноставен пристап до потребните информации.
Осигурувањето понекогаш отвора многу практични прашања: што опфаќа одредено покритие, кои документи се потребни, како се пријавува штета или што треба да се направи во одредена ситуација. Триа е создадена токму за ваквите прашања, за корисниците да можат брзо и едноставно да дојдат до потребните одговори.
Триа нуди општи информации и насоки за широк спектар на теми од областа на осигурувањето, од видовите осигурителни производи и услуги што ги нуди Триглав до начинот на склучување осигурување и користење на осигурителните услуги. Како дополнителен канал за комуникација, новиот AI асистент ја надополнува постојната корисничка поддршка и придонесува за унапредување на корисничкото искуство. За прашања поврзани со конкретна полиса или индивидуален случај, тимот на Триглав и понатаму им е на располагање за совет и поддршка на своите клиенти.
– Технологијата има вистинска вредност кога решава конкретна потреба и им го олеснува секојдневието на луѓето. Со Триа сакаме информациите за осигурувањето да ги направиме подостапни и поразбирливи, а на корисниците да им овозможиме полесно да дојдат до одговорите што ги бараат. За нас, тоа е суштината на дигитализацијата: технологијата да биде едноставна, корисна и во служба на подобро корисничко искуство – изјави Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување.
Со воведувањето на Триа, Триглав Осигурување ја потврдува својата посветеност на создавање услуги што одговараат на реалните потреби и очекувања на клиентите. Поголемата достапност, едноставноста во комуникацијата и квалитетната поддршка остануваат во фокусот на компанијата во градењето долгорочни односи засновани на доверба и сигурност.
Новиот AI асистент Триа е достапен на официјалната веб-страница на Триглав Осигурување,www.triglav.mk.
Комерцијална објава
































