Фото: Приватна архива/Фејсбук

Почина познатиот хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китановски (68), соопштија преку социјалните мрежи негови пријатели, при што сѐ уште нема официјални податоци.

Војче Китановски е роден во 1955 година во селото Крапа, близу Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево, а студирал на Шумарскиот факултет. Бил дипломиран шумарски инженер, а имал и лиценца за туристички водич. Тој речиси 50 години беше активен на македонската јавна сцена.

Допрва се очекуваат детали за последното испраќање на познатиот сатиричар.