Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжи со настап на триото „Инвентио“ од Италија.
Ова трио го сочинуваат Јулиа Беринскаја, прва виолина, Валентина Данелон, втора виолина, и Ана Серова на виола.
Јулија Беринскаја е родена во уметничко и музичко семејство, нејзиниот раскошен талент е откриен на рана возраст од нејзиниот татко Сереј Берински, кој е еден од најзначајните композитори на 20 век во Москва и Русија и тој ја насочува неговата ќерка да учи виолина. Нејзината брилијантна кариера како солист, камерен музичар и педагог ја носи во Италија, Холандија, Швајцарија, Франција, Германија, поранешна Југославија, САД, Израел, Русија и др., каде што настапува со оркестри како „Верди“ во Милано, оркестарот на Миланскиот конзерваториум, оркестарот „Амадеус“ во Москва, Филхармонијата во Свердловск, оркестарот „И музичи“ во Парма и др. Како камерен музичар настапува на некои од најзначајните фестивали во Италија и Европа делејќи ја сцената со музичари од рангот на С. Крилов, Ј. Башмет, Д. Коен, В. Менделсон, Ф. Липс. Јулија редовно одржува мајсторски курсеви, а има основано и сопствен курс за виолина на Мајсторската школа во Милано и редовно е во жири-комисии на меѓународни натпревари.
Валентина Данелон е родена во 1985 година и дипломира виолина со почести на Конзерваториумот за музика во Кастелфранко Венето во класата на Мишел Лот. Продолжува да студира педагогија на Универзитетот за музика во Лугано, а се усовршува со Јулија Беринскаја и Ренато Занетович. Студира и камерна музика на Интернационалната школа за камерна музика под водство на триото „Триесте“, во дуо со Беатриче Орланди, а под менторство на Ренато Занетович, Дарио де Роса, Морин Џонс и триото „Парма“.
Уникатна фигура на меѓународната сцена како солист и камерен музичар, виолистката Ана Серова добива со посвети на дела од некои од најзначајните композитори на денешницата. Всушност пишувајќи конкретно за неа, тие создаваат еден нов жанр, кој ги спојува формата на концертната пиеса со театарската игра. Откако ги завршува студиите со Владимир Стопичев, Бруни Гиурана и Јури Башмет, Ана Серова започнува брилијантна кариера како камерен музичар и солист, настапувајќи во концертните сезони на оркестрите и на фестивали во Италија.