фото: Пиксалс

Музички перформанс, изложба на цртежи, поетско читање, слем-поетување и промоција на книга, ќе се одржи на првиот книжевно-уметнички фестивал „МалеМале“, кој ќе се одржи на 30 и 31 јуни во Берово и во Пехчево.

Публиката ќе има можност да ја погледне изложбата на цртежи на Владимир Лукаш, ќе се одржи промоција на книгата „Зборка“ од Тања Аждаја, а на поетското читање ќе можат да се чујат стихови од Владимир Мартиновски, Никола Маџиров, Тихомир Јанчовски, Тања Аждаја, Перица Сарџоски, Владимир Лукаш и Ана Голејшка-Џикова.

После читањто, ќе се одржи и слем-поетување на Горазд Кени Китановски, а публиката ќе има можност за интерактивно вклучување во настанот.

– Со надеж дека ќе прерасне во традиција, „МалеМале“ има за цел да го развигори културно-уметничкиот дух во Малешевијата и да послужи како потстрек за слични иницијативи од ист или сличен карактер – велат организаторите.