Над 400 метри кубни отпад се чисти од дивата депонија околу споменикот кај Дабница, Прилепско, и по колскиот пат по кој е расфрлан различен отпад, а кој придонесува на одедени делови да неможе да се помине ниту со запрежна кола.

Кревети, распадната јоги, фотељи, теписи, предмети од пластика, отпад од кастрење, градежен шут, но и расфрлана црна пластика од стари телевизори и комјутериски монитори, која никој не ја откупува. Согласно Законот за управување со отпад и правилниците за работа, оваа штетна пластика заради својството на штетен загадувач, има посебен третман на уништување. Токму ова ѓубриште им користи на дивите собирачи на отпад да извадат се што може да се продаде од старите телевизори и монитори, а црната пластика ја носат на оваа дива депонија и ја палат, што претставува опасност за здравјето на прилепчани, токму заради штетните диоксини кои се создаваат и испуштаат при палење. На овој простор од каде се шири неподнослива миризба и кој опфаќа околу 10.000 метри квадратни, забележливи се црнилата од почестите палења на оваа ѓубриште.

На комуналците, им останува да исчистат се она што ќе извалкаат граѓаните, а на надлежните служби, Инспекторатот при ЛС и МВР, да ги спречуваат ваквите појави со пропишаните строги казни. Додека пак, граѓаните ред е да имаат на ум дека сиот отпад, без оглед на количините го собира ,, Комуналец’’ од домовите, и немаат никаво оправдување за сиот зулум кој и го прават на Мајката природа – велат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Ка.М.