Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира концерт на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, кој се реализира во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност.
Концертот ќе се одржи на 22 април 2026 година (среда), со почеток во 20 часот, во Камерната сала на НУ Филхармонија.
На концертот ќе настапат: камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, диригент проф. м-р Сашо Татарчевски и солистката Аница Нелоска, пијано (класа: проф. д-р Марија Ѓошевска).
-Настанот претставува значаен сегмент од концертната дејност на Факултетот за музичка уметност, насочен кон афирмација на младите музички уметници. Во таа насока, со присуството ќе ни укажете особена чест и ќе бидете значајна поддршка за уметничката и образовната мисија на нашата институција и младите музичари – велат од факултетот.
































