Самостојната ликовна изложба на ликовниот уметник од Битола Димитар Димитров ќе биде oтворена вечерва во 19.30 часот во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во рамките на манифестацијата „Kавадаречка културна есен 2022“.

Од биографијата на Димитар Димитров интересно е да се спомене дека е роден во Ташкент во 1973 година, додека средно уметничко училиште завршил во Скопје, а ликовна академија во Москва. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби и тоа во Скопје, Куманово, Охрид, Белград , Виена, Малме и Софија а учесник е на неколку групни изложби надвор од Македонија во Њујорк, Будимпешта и Софија.

Димитар Димитров освен што е координатор на ликовната колонија „Борик-Охрид“ тој учествува активно на многу меѓународни и домашни ликовни колонии. Од 2004 година е член на ДЛУМ а три години подоцна станува член и на Друштвото на ликовните уметници на Битола каде моментално живее и е сопственик на ликовна галерија. Ми.М.