Министерството за внатрешни работи на Србија го активираше системот „Пронајди ме“ и упати итен апел до јавноста по исчезнувањето на 14-годишната Божица Ајети во Обреновац.
Според информациите објавени од српското МВР, девојчето на 23 ноември, околу 11 часот, го напуштило основното училиште „Јован Јовановиќ Змај“ во Обреновац и заминало во непознат правец. Нејзиното исчезнување било пријавено истиот ден.
Преку системот „Пронајди ме“, Министерството објави детален опис на исчезнатото девојче и информации за околностите под кои исчезнало, со цел што поголем број граѓани да се вклучат во потрагата.
































