Вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјава во септември 2026 година изнесувала 448.847 мегават-часови (MWh), додека потрошувачката на природен гас достигнала 15,494 милиони нормални кубни метри (nm³). Во истиот период биле потрошени 170.079 тони јаглен и 92.599 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија покрило 96,6 проценти од бруто-домашната потрошувачка.
Речиси целата потрошувачка на јаглен, односно 99,9 проценти, била наменета за производство на електрична енергија.
Во споредба со септември 2025 година, потрошувачката на природен гас во септември годинава е намалена за 22,6 проценти, додека кај нафтените продукти е регистриран пад од 2,8 проценти.
































