На 28-то издание на Сараевскиот филмски фестивал, најновиот филм во подготовка „Скејтањето не е за девојчиња“, на режисерката Дина Дума, а во продукција на „Сестри и брат Митевски“, освои две награди за развој во програмата „Синелинк“. Станува збор за наградата од Филмскиот центар на Србија, во вредност од 10.000 евра, и наградата „Женски гласови“ од Словенскиот филмски центар, исто така во износ од 10.000 евра.
Филмот беше во конкуренција за награди со 46 филмски проекти во развој во конкуренција, а го препознаа две жирија, меѓународни, составени од признаени филмски дејци, независни едно од друго.
Овој проект на Дина Дума веќе од почетокот предизвикува големо внимание во меѓународните филмски кругови. Беше селектиран и како еден од шест филма во најпрестижната програма за развој на Канскиот филмски фестивал.