„Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, тоа е културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажен културен идентитет и долг духовен емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова прогласувајќи го фестивалот за отворен.
Како покровител на ИФФК „Браќа Манаки“, Силјановска Давкова посочи дека е горда што годинава во официјална конкуренција има два македонски филма и пред аудиториумот на Дан Лаустсен му ја додели наградата Златка „Камера 300“ за животно дело.
-Треба да сме горди што меѓу 12-те филмови во конкуренција се најдоа и два македонски филма со кои ќе се отвори и затвори 47 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Во овој чин јас препознавам признание и импулс за македонскиот филм. И на ова издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја потврдиме посветеноста кон уметноста, културата и творештвото како возвишени облици на човечка духовна слобода, впрочем „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, тоа е културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажен културен идентитет и долг духовен емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската –
Гостите од градот, државата и странство ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски, потсети на деновите кога во 1979 година беше формиран фестивалот во Битола, а на режисерот Џеф Кроненвет, му врачи специјална камера 300 за посебен придонес кон светската филмска уметност.
-Фестивалот „Браќа Манаки“ не е само културен настан, тој е дел од нашиот идентитет, традиција, наследство и живо сведоштво за првите сниматели на Балканот кои со своите камери започнаа да ја ткаат филмскста историја на овие простори. Горд сум што нашиот град е дом на фестивалот кој со децении гради културни мостови со автори од различни меридијани – нагласи градоначалникот Коњановски.
На вечерашното свечено отворање и според востановената традиција Друштвото на филмските работници на Македонија ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која годинава му припадна на актерот Петре Арсовски.
Поздравен со бурен аплауз, Арсовски се заблагодари за начинот на кој е вреднувано неговото 55 годишно актерско искуство.
Во моментов во големата сала на НУ Центар за култура се емитува македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, копродукциски проект во кој кинематографер е Фредерик Нуаром, пренесува МИА.
истакна меѓудругото претседателката Силјановска Давкова.

























































