Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти, ќе се изведе вечерва на сцената на Националната опера и балет.
Приказната за „Пепелашка“ е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајнот на звукот е на Георг Драушник (Хрватска), асистенти кореографи се Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), а репетитори се Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.
Настапуваат Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевска, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, како и солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.