Фото: Фејсбук

Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци по вторпат ја организира
манифестацијата Месец на театарот која почнува утре под мотото „ Театар, имагинација и реалност“ и ќе трае се до 8 декември. Честа да ја отвори манифестацијата ја има
претставата „Бајка за театарот“ на театарот на „Раша Плаовиќ“ од Уб , Србија. Автор
на текстот е Владимир Ѓурѓевиќ а режијата е на Душко Ашковиќ.

„Бајка на театарот е комедија, но , иако е насловена како бајка, оваа претстава е повеќе поврзана со реалноста отколку со бајките кои ги знаеме. Семејството и семејните вредности како тема, приказна за нашето време и карактери, состојбата во културата и театарот, но на еден нушиќевски начин. Претставата нуди вистинска доза на хумор, без претерување и може да се каже дека досега ги собра симпатиите на цела Србија и регионот и освои многу награди. Гостувањето во Кавадарци во рамките на месецот на театарот ќе биде 50-то јубилејно издание на претствата „Бајка за театарот“.

Наредните триесетина дена љубителите на театарот ќе имаат можност да ги проследата следните претстави: премиерата на „Црвенкапа и шумскиот судија“ на театарот при домот на културата во Кабадарци, потоа претствата „Љубовна терапија“ на кумановскиот театар, претставта „Сара“ на велешкиот театар , „Во ресторанот“ на Народниот театар од Штип, претставата „WIFI“ на тетовскиот театар „Чорба од канаринец“ на театарот од Гостивар и на крај премиерата „Каша и кубаси“ на театарот од домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци. Ми.М.