Во Големиот пожар кој избувнал во станбена зграда на Менхетн во Њујорк, 13-годишно момче и 18-годишна девојка успеале да се спасат од пожарот спуштајќи се низ олукот од зградата.
Според пожарникарите во Њујорк, пожарот зафатил стан на четвртиот кат од станбена зграда на Менхетн, а пожарот го гаснеле 180 пожарникари.
Двајца тинејџери, кои останале заробени во една од собите во станот, решиле да излезат низ прозорецот и да се спуштат низ олукот. Противпожарната служба соопшти дека 13-годишно момче и 18-годишна девојка успешно се симнале.

И покрај напорите на пожарникарите, во пожарот загина едно лице, а седум лица се повредени.