До Редакцијата и менаџментот на „Нова Македонија“ вчера, по повод 77-от роденден на весникот, пристигнаа огромен број честитки од граѓани, читатели, стопанственици, академици, дипломати, политичари, студенти, професори, лекари, правници, пензионери, уметници и други личности од сите сфери на општественото живеење. Сите честитки еднакво нѐ направија многу среќни, силно нѐ мотивираат и имаат огромно значење и тежина за нас. Во нив е нагласена поддршката да продолжиме по својот пат како најголем и најсилен светилник за јавноста и неуморен трагач по вистината за сите прашања од јавен интерес и значење за граѓаните и за државата.
На сите искрено и од сѐ срце им се заблагодаруваме за искажаната поддршка, со напомена дека токму граѓаните се дел од „Нова Македонија“, нашиот непресушлив извор и мотив за работа, но и наш коректив. Македонската јавност секогаш може да се потпре на својот прв македонски дневен весник.

Од Редакцијата