Советниците на Советот на Битола, на денешната последна седница во овој состав едногласно донесоа Декларација за одржување на чесни, слободни и демократски локални избори.
Со оваа деклариција Советот на општина Битола ќе ги поттикне ангажманите на Здруженија на граѓани и поединци, со својот авторитет да влијаат врз амбиентот за спроведување на избори според меѓународно пропишани стандарди.
– Слободни, демократски и фер избори се приоритет за Македонија, приоритет за Битола и јас се надевам дека изборите кои ќе ги имаме на 17- ти октомври повторно ќе покажат дека Битола е едно зрело, демократско општество во кое најдобриот победува и дека е важна понудата и важни се оние кои гласаат и тие услови и како Совет и како општина ќе ги создадеме во наредниот период – изјави претседателот на Советот на Битола, Валентин Груевски.
М.М.