Принтскрин

Небото над Скопје вечерва беше осветлено со шоу со дронови на кое беше испишана пораката „Гоце е Македонија“.

Преку светлосни формации беа прикажани и ликот на Гоце Делчев, натписот „ВМРО“, како и симболот од македонското знаме.

По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски, објави видео на Фејсбук на кое се гледа  шоуто со дронови.

– Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години! – напиша Мицкоски во објавата.