Фото: Дмитриј Медведев/фејсбук

Украина можеби никогаш нема да биде примена во НАТО, Алијансата едноставно се плаши тоа да го каже гласно, смета заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, коментирајќи ги одлуките од првиот ден од самитот на НАТО во Вилнус.

– Се е како што мислевме: Акцискиот план за членство на Украина во Алијансата – укинат, во смисла на побрзо примање, да се покани Украина во НАТО. Но, ќе ја примат – не се знае кога и под кои услови. Многу веројатно – никогаш. И тоа е она што реалистите во Алијансата се плашат да го кажат гласно – напиша Медведев на „Телеграм“.

Според него, намерата на земјите од НАТО да ја зголемат воената помош за Киев е всушност ќорсокак, а трета светска војна е сè поблиску.

– Зголемувањето на воената помош за режимот во Киев, со сè што е можно: ракети, касетна муниција, авиони, е сосема луд потег на Западот, кој не може да смисли ништо друго. Предвидливост од највисоко ниво, до идиотизам. Фактички – ќорсокак. Трета светска војна е сè поблиску – оцени Медведев.

Тој додаде дека „руската специјална воена операција“ ќе продолжи, а нејзините цели ќе останат исти.

– Што значи сето ова за нас? Сè е очигледно. Специјалната воена операција ќе продолжи со истите цели. Една од нив е и откажување на киевската нацистичка група од членство во НАТО, на што инсистиравме од самиот почеток, што е невозможно – напиша тој.

– Значи, таа група треба да биде ликвидирана, што е можно и неопходно – додаде Медведев во постот на „Телеграм“.