Фото: Фејсбук/ Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, со кого разговараше за текот на војната во Украина, договорот за извоз на жито преку Црното Море, како и билатералните односи меѓу Турција и Украина.

– Му благодарам на претседателот на Турција и на сите турски и украински одбранбени компании за нивното партнерство и заедничка работа на зближување и одржување на мирот – напиша Зеленски на својот профил на мрежата „Икс“.

Зеленски изјави дека ги посетил бродоградилиштата каде што се градат мали воени бродови „корвети“ за Украина.