фото: Маја Јаневска-Илиева

„Жени, живот, слобода“, „Смрт за машкиот фашизам, слобода за женскиот народ“, „Доста се кратат правата на жените Ромки“, „За 0 девојки омажени под притисок“,и „Платен домашен труд“ беа дел од пораките упатени на вечерашниот Марш за женски права, кој годинава се одржа по осми пат под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“.

Осумте црвени линии, кои ги подвлече маршот што беше организиран од Платформата за родова еднаквост, денеска беа барања за неограничен пристап до безбеден и легален медицински абортус во секоја општина, еднаква плата за еднаква работа и еднакви плати меѓу мажите и жените, постапување со должно внимание на институции задолжени за превенирање и заштита од родово базирано насилство, трансформација на статусот на жените-работнички во културата кои што се соочуваат со неизвесност во однос на нивниот работен статус со години наназад, 50 проценти застапеност на жените на позициите на моќ да стане реалност, систематско решение за пристап до платено породилно отсуство и боледување за жените-земјоделки, акција за жените работнички и обезбедена грижа за нивните деца и борба против мито и корупција.

Според нив, овие црвени линии не се само барања, туку и патоказ за мерки кои што можат да доведат до напредок.

фотографии: Маја Јаневска-Илиева