Фото: принтскрин

Односите меѓу Русија и Иран достигнуваат ново ниво и комуникацијата меѓу двете земји се развива многу интензивно, а се планира натамошно зајакнување на стратешкото партнерство во областа на одбранбената и воената соработка, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во разговор со Министерот за одбрана на Иран Мохамад-Реза Гараи, Аштиани во Техеран.

Шојгу истакна дека целта на Русија и Иран е да спроведат низа планирани заеднички активности и покрај, како што наведе, противењето на САД и нивните западни сојузници.

Шојгу рече дека санкциите на меѓународната заедница против Русија и Иран не дале резултати и се бескорисни, пренесе „РИА Новости“.

Рускиот министер изрази подготвеност за натамошни заеднички акции меѓу Русија и Иран на полето на зајакнување на стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток.