Фото: ЕПА

Руската делегација предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руската делегација ќе учествува на церемониите посветени на 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

Тоа е посета која ќе помогне во зајакнувањето на односите меѓу Русија и Северна Кореја и ќе претставува пресвртница во развојот на соработката меѓу двете земји, соопшти руското Министерство за одбрана.

Претходно, севернокорејските државни медиуми објавија дека на церемонијата ќе присуствува и висока кинеска делегација, а се очекува годишнината да вклучи голема воена парада во севернокорејската престолнина Пјонгјанг.

Делегациите на двете земји во четврток во Пјонгјанг ќе учествуваат на прославата на 70-годишнината од „Денот на победата“.

Делегацијата од Пекинг ја предводи Ли Хонгџонг, член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина.

Овие посети се, колку што е познато, први посети на странски делегации на Северна Кореја од почетокот на пандемијата на коронавирус.